Огромен сообраќаен метеж и колони возила во Париз пред да почне националниот карантин на полноќ.
Порталот „IFE News Network“ објави видео тврдејќи дека метежот е во вкупна должина од 800 километри. Метежот повеќекратно се зголемил вечерва пред 21 часот, кога во Париз стартува полицискиот час кој беше воведен од претходно. На полноќ, пак, на територија на цела Франција почнува карантин.
Во време на карантинот, кој најверојатно ќе трае четири недели, луѓето ќе може да излегуваат од дома за извршување на неопходните обврски.
Како што најави претседателот Емануел Макрон во вчерашното телевизиско обраќање до нацијата, луѓето ќе може да одат на работа и на лекар, рестораните и баровите се затвораат, а се забрануваат и приватните собири. Единствено остануваат отворени училиштата.