Тунижанец во трговски центар во Париз држи две жени како заложници, пренесуваат француските медиуми, додавајќи дека станува збор за 50-годишен маж, кој во минатото посетувал психијатриска клиника поради здравствени проблеми.
На местото на настанот пристигнале и полициски екипи кои се обидуваат да ги ослободат приведените жени. Целиот округ околу критичното место е затворен за пристап, а градските власти ги повикале парижаните да не доаѓаат во овој дел од градот, пренесуваат локалните медиуми.
Според првичните информации, киднаперот и бил познат на полицијата, бидејќи веќе имал и досие, а се заканувал дека нема да ги ослободи жените додека не разговара со францускиот министер за правда, Ерик Дупон Морети.