Иако првично се мислело дека ископале тунел, шефот на израелската затворска служба, изјавил дека бегалците ја искористиле грешката во структурата на затворот
Шестмина палестински затвореници побегнаа од еден од израелските најстроги затвори. Она што е специфично за ова бегство е што тие поминале низ премин под мијалникот во ќелијата. Шесте затвореници, ќелијата во затворот Гилбоа ја делеле со членови на организацијата Исламски џихад, пишува Гардијан.
Israeli forces have launched a manhunt and erected roadblocks after six Palestinian prisoners escaped from Gilboa prison.
— Sky News (@SkyNews) September 6, 2021
The escapees are believed to be heading for the Palestinian city of Jenin.
Get more on this story: https://t.co/CnvR6AqZSS pic.twitter.com/7iddZyCGf5
Иако првично се мислело дека ископале тунел, шефот на израелската затворска служба, изјавил дека бегалците ја искористиле грешката во структурата на затворот и откриле јазол под подот.
„Според нашето првично истражување, се чини дека немало копање, туку само го подигнале капакот што ја покривал дупката“,
соопштија затворските власти.
Израелскиот министер за јавна безбедност изјави дека бегалците најверојатно веќе се на Западниот Брег, имајќи предвид дека бегството е откриено утрово, во три часот наутро по локално време.
„Планирањето било многу прецизно, многу детално, така што веројатно имале помош однадвор. Во моментов го истражуваме тоа. Ќе ги фатиме бегалците”,
соопштија од Министерството.
Од видеото што е објавено се гледа тесен премин во подот под мијалникот, а бегалците преку тој премин стигнале до дренажниот систем на затворот.


Во затворот се воведени патроли, а за да се спречат понатамошни обиди за бегство, другите 400 затвореници се префрлени во други објекти.