Синоќа на социјалните мрежи се споделуваа видеа на кои се гледаат искрења, па дури и оган
Паднато дрво доцна синоќа предизвикало спој во трафостаница во скопската населба Железара. Од ЕВН денеска се очекуваат повеќе информации за настанот кој предизвика вознемиреност кај жителите на Автокоманда и Железара кои синоќа на социјалните мрежи споделуваа видеа на кои се гледаат искрења, па дури и оган.
Екипи на ЕВН синоќа веднаш биле на терен за отстранување на дефектот, а повик бил примен и во Противпожарна бригада на Скопје, од каде што испратиле возило, но немало потреба од интервенција.
Трета смена во железара pic.twitter.com/UcAAejlIuN
— masastolce (@masastolce) March 21, 2021
