Куманово доби нов Ургентен центар. Сместен е во кругот на болницата, со посебен влез. На првиот кат се применото одделение, дневната болница, а на вториот хирургија со ортопедија и анестезија. Полза од него ќе имаат околу 200.000 граѓани од североисточниот регион. Објектот, со површина од околу 700 метри квадратни, во употреба го пушти премиерот Зоран Заев.
„Да напоменам дека не е само ова. До крајот на годината ќе го и објектот во Струмица, ја реконструираме општата болница во Кичево а продолжува и изградбата на клиничкиот центар во Штип. Од почетокот на идната година отпочнување и со големиот Клинички Центар во Скопје“, изјави премиерот Заев.
Тој истакна дека тоа се сериозни инвестиции во здравството, што заедно со поддршката на кадарот, ќе го зголеми квалитетот на здравството.
„Останете дома, останете во нашата земја, ние ќе се потрудиме да растат платите, да се подобрат условите за работењето, бидејќи како прво никаде не е како дома и второ дефинитивно им требате на граѓаните“,
е пораката на премиерот Заев до здравствените работници, лекарите, медицинските сестри, болничарите.