Од првичните податоци е познато дека повредена е мајката на загинатото дете, нејзината 11-годишна ќерка, како и возачот и двајцата сопатници од другиот автомобил. Тие се пренесени во регионалната болница во Елбасан каде што им е укажана лекарска помош и се надвор од животна опасност, пренесуваат албанските медиуми

Осумгодишно дете од Гостивар го загуби животот во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Елбасан – Пеќин во Република Албанија. Во сообраќајната несреќа други две лица се повредни, но се надвор од животна опасност и се наоѓаат на лекување во локалната болница во Елбасан.
„Денеска, на магистралниот пат Елбасан – Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало осумгодишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се надвор животна опасност и се на лекување во локалната болница во Елбасан“,
информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).
Според информациите од албанските медиуми, во несреќата е загинато едно лице од „возилото „голф“, додека други пет лица се повредени.
Од првичните податоци е познато дека повредена е мајката на загинатото дете, нејзината 11-годишна ќерка, како и возачот и двајцата сопатници од другиот автомобил. Тие се пренесени во регионалната болница во Елбасан каде што им е укажана лекарска помош и се надвор од животна опасност, пренесуваат албанските медиуми.
Истражната екипа е на местото на настанот и работи на расветлување на околностите на несреќата.
Од видеото објавено од албанските медиуми може да се види дека по судирот автомобилот „голф“ завршил на оградата од патот.
Според извештаите на локалните медиуми, како можна причина за несреќата се наведува влажниот коловоз, а местото каде што се случила е една од неколкуте црни точки на оваа делница.
Од МНР велат дека Амбасадата на Северна Македонија во Тирана е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на починатото дете и се ставени на располагање за асистенција во врска со преносот на телото на детето од Албанија.
Исто така, од МНР информираат дека на располагање се дежурните телефони на Амбасадата на Северна Македонија во Тирана: +355689019198; и СОС-телефонот на Министерството за надворешни работи: 075 273 732.
