Шефот на дипломатијата понатаму во своето обраќање ги повика надлежните институции „да го пронајдат сторителот на овој вандалски чин“
Министерот за надворешни Бујар Османи преку видеопорака им се обрати на граѓаните, со цел да го осуди палењето на влезната врата на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Почитувани граѓани, дозволете најостро да го осудам актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола. Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Република Бугарија и нашата заедничка европска иднина“,
истакна Османи.
Шефот на дипломатијата понатаму во своето обраќање ги повика надлежните институции „да го пронајдат сторителот на овој вандалски чин“.
„Ова кривично дело неслучајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог на ниво на министри за надворешни работи со цел надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на С Македонија. Ги повикувам надлежните органи во државата да ги направат сите напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин,
нагласи Османи.