Ѓорѓиевски во изјава за „360 степени“ рече оти прогласуваат победа, која очекува да биде двојна
Со скандирања „Орце, Орце“, и „ВМРО-ДПМНЕ“, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и неговите симпатизери, симболично влегоа низ Триумфалната порта.
Тие заедно се упатија кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски во изјава за „360 степени“ рече оти прогласуваат победа, која очекува да биде двојна.
Тој пред седиштето на партијата беше пречекан со патриотски песни.
