Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека имало неколку експлозии во централниот Шевченковски реон во Киев и додаде дека ќе соопшти повеќе детали подоцна и ги советуваше жителите да се засолнат
Околу пет лица загинаа по серијата руски напади изутринава во главниот град на Украина, Киев, информираат официјални украински претставници, пренесува Си-ен-ен.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, исто така, истакна дека во нападите се повредени 12 лица.
„Станува збор за цивили кои возеле или пешачеле во центарот на Киев“,
напиша Герашченко на Твитер.
Київ. Зараз.
— Антон Геращенко (@Gerashchenko7) October 10, 2022
росія має бути переможена. Переговорів з терористами не ведуть. pic.twitter.com/kktmqa7k3C
Според него, Русија мора да биде победена.
„Нема преговори со терористи“,
напиша Герашченко на Твитер.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека имало неколку експлозии во централниот Шевченковски реон во Киев и додаде дека ќе соопшти повеќе детали подоцна и ги советуваше жителите да се засолнат.