Пожарникари во Грција не можеа да го спречат исклучително големиот пожар што се приближи до северни предградија на Атина денеска, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес и ги принуди жителите на евакуација.
„Напуштете ги своите домови веднаш“,
ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија. Жителите добија предупредувања и СМС-пораки од цивилната одбрана.
Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина.
Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за големи пожари бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција, кој не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 Целзиусови степени. Во другите делови на Грција пожарникарите се борат со големиот пожар на островот Родос, кој ги принуди жителите на неколку општини да избегаат.
Властите ја предупредија јавноста дека ризикот од пожар ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот удар бидејќи има голема суша и метеоролозите најавија силен ветер.