Во првите два часа од вториот круг гласање, на избирачките места излегле 56 700 гласачи
Во првите два часа од гласањето на денешниот втор круг од локалните избори, на избирачките места излегле 5, 25 отсто од вкупно 1 353 990 избирачи во 44 општини во земјава и градот Скопје, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на првата прес-конференција денеска.
Денеска се гласа на 2 481 избирачки места, во 44 единици на локалната самоуправа во кои не беше избран градоначалник во првиот круг.
До 9 часот гласале 56 700 гласачи, објави Даштевски.
Тој посочи дека во дел од општините излезноста е над девет проценти. Како пример ги посочи Ранковце (каде што одѕивот е над 15 отсто во првите два часа од гласањето), Пехчево, Зелениково, Кратово, Пробиштип, Демир Хисар, Ресен…
Даштевски рече дека гласањето почна на сите избирачки места. Дека имало технички проблеми во Скопје и во дел од општините во внатрешноста, ама дека се отстранети. Гласањето ќе биде продолжено на избирачките места каде што ималопрекин од еден час.