Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде најчесто се случуваат сообраќајни прекршоци
Од утре, 1 февруари почнува со функционирање системот „Безбеден град“ на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и Коридорите 8 и 10, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тоа значи дека ќе бидат санкционирани граѓаните што направиле прекршок детектиран од камерите на „Безбеден град“.

Во правата фаза, системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци, како непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола.
„Системот ‘Безбеден град‘ ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние што не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и на штета на другите учесници во сообраќајот“,
се вели во соопштението.
Според полицијата, камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде најчесто се случуваат сообраќајни прекршоци.
„Се апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбеедни патишта низ државата“,
додаваат од МВР.
МВР излезе со соопштение колку ќе изнесуваат глобите за сообраќајните прекршоци што се санкционираат преку системот „Безбеден град“.
Полицијата апелираше до граѓаните доколку имаат промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата или доколку добиле известување со неточни податоци, истите да ги ажурираат.
