Противниците на Трамп пред судот развиорија транспарент на кој пишуваше дека „лаже цело време“ и извикуваа „притворете го“, додека другата страна беше вооружена со облека и транспаренти со слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ и знаме на кое пишува „Трамп или смрт“
Стотици приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп протестираат пред судницата каде што беше уапсен поранешниот американски претседател, а од другата страна пристигнаа и контрадемонстранти. Припадници на њујоршката полиција застанале меѓу двете групи кои разменувале навреди.
Противниците на Трамп пред судот развиорија транспарент на кој пишуваше дека „лаже цело време“ и извикуваа „притворете го“, додека другата страна беше вооружена со облека и транспаренти со слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ и знаме на кое пишува „Трамп или смрт“.
Една обожавателка на Трамп, Џулиет Германота, се фрли на транспарент против Трамп и се обиде да го искине. Настанала жестока тепачка, при што таа се втурнала во лице на жена и извикала: „Имам ковид, сериозно, имам ковид!“
BREAKING: MASSIVE banner displayed in front of Manhattan Courthouse reading “Trump Lies All the Time” prompts a fight between those gathered in front #TrumpIndictment pic.twitter.com/bcX9IG3Qsp
— Meech Memez (@MeechMemez) April 4, 2023
Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, денеска се појави пред судот во Њујорк каде што ќе биде информиран за обвинението против него и каде што ќе може да се изјасни за обвинението, што претставува историски момент, имајќи предвид дека станува збор за првиот претседател во историјата на САД кој е кривично гонет.
Обвинението против Трамп го покрена Големата порота на Менхетен и се состои од повеќе од 30 точки. Тоа се однесува на вмешаноста на Трамп во плаќањето 130 000 долари на порноактерката Сторми Даниелс за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера со него, за која таа тврди дека се случила во 2006 година.
Трамп сега е формално уапсен. Ова е првпат поранешен претседател на САД да биде уапсен.
Како што пренесува „Скај њуз“, Трамп не бил врзан со лисици на барање на неговата придружба од Тајната служба.
Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL