Врнежите од град предизвикале мали оштетувања на неколку возила
Обилни врнежи од дожд и град вечерва се причина за отежнат сообраќај на автопатот Скопје–Штип, на неколку километри пред влезот на Штип, пренесува МИА.

Врнежите од град предизвикале мали оштетувања на неколку возила.
Од полицијата апелираат возачите внимателно да учествуваат во сообраќајот, со цел да избегнат евентуални незгоди.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека на патот има град, по кој отежнато се движат возилата.