Маж се обидел да избега од полициски службеник кој вршел рутинска сообраќајна контрола на улиците во Гостивар. На аматерското видео снимено од случаен минувач се гледа дека возачот на автомобилот се обидува да избега, но полицискиот службеник успева да го спречи во намерата.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека настанот се случил попладнево и за истиот е изготвен записник.
„Во 17.10 часот на ул.Б.Ѓиновски во Гостивар бил лишен од слобода И.Б. (49) од с. Балиндол поради напад на службено лице при вршење на службени дејства. И.Б. е приведен во полициска станица Гостивар и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“,
велат од МВР.
