Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 13 октомври 2025 г. на МРТ 1, во кое гостуваат универзитетските професори Јасна Бачовска-Недиќ и Сеад Џигал, како и политичкиот аналитичар Бесим Небиу
Сведочиме на интересна или на здодевна кампања, дали нечиј пристап се изделува од другите, има ли креативност и иновативност, зошто националните теми се изразено присутни, каква е улогата на лидерите, дали кампањата е поприсутна на традиционалните или на новите медиуми – се дел од темите на кои во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 разговараме со универзитетските професори Јасна Бачовска-Недиќ и Сеад Џигал, и со политичкиот аналитичар Бесим Небиу. Го отвораме и прашањето за употребата на вештачката интелигенција во кампањата.