Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 26 јуни 2025 г. на МРТ 1
Теми во издание на емисијата:
– Уставниот суд самоиницијативно да отвори постапка за одредбите од Законот за управни спорови според кои беше поништен изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка – предлог од судијата Осман Кадриу;
– По сесијата на АФЕТ во Европскиот парламент на која помина извештајот за земјава и по Самитот на НАТО во Хаг на кој сојузниците се договорија да одвојуваат по 5% од БДП за одбраната до 2035 г. – за „360 степени“ зборуваат европратеникот и известувач за земјава Томас Вајц, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска;
– Косово ја надмина Македонија по неславен параметар – периодот без конституиран парламент од моментот на завршување на изборите – сторија од Приштина;
– „Саботажа“.