Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 23 јануари 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Во 2010 г. имало 24 296 живородени деца, а во 2023 г. – 16 737 што е помалку за 31,1%; пад има кај сите етнички заедници – помалку кај Албанците (23,1%), најмногу кај Ромите (44,8%);
– Македонија и Украина, која е во војна, стојат најлошо во Европа во однос на демографијата – интервју со националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси, Влатко Ѓорчев;
– Проверивме дали и колку јавните институции и приватните фирми ги признаваат електронските документи по неодамнешните законски измени; го прашавме министерот Стефан Андоновски што со оние што не ги прифаќаат;
– Водици во долнореканското село Битуше – зачувана традиција на ниво на атракција;
– „Саботажа“.