Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 21 ноември 2024 г. на МРТ 1
Теми за ова издание:
– Директорот на производство во Електрани на Северна Македонија, Зоран Коњановски, обвинува за „смислен лукративен проект за уништување на компанијата” и увоз на јаглен; во РЕК „Битола“ се трошело за ископ, но не за да има, туку за потешко да се доаѓа до јаглен, вели тој;
– Опптина Кочани забрани депонирање отпад од соседните општини и направи мали депонии од нив – репортажа од Зрновци, Виница и Чешиново-Облешево;
– Децата во градинките и училиштата дишат и до трипати позагаден воздух од дозволеното – откри едногодишното истражување на тимот експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во пет поголеми града;
– Можат ли Борисов, Петков и Трифонов да се договорат за редовна политичка влада во Бугарија; „Тоа можеби е единствената возможна варијанта“, вели Прван Симеонов, политолог од „Галуп интернешнл Балкан“ во Софија;
– „Саботажа“.