Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 19 јануари 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува потпретседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието, Јована Тренчевска
Многу работи што се случуваат укажуваат на тоа дека власта се подготвува за предвремени парламентарни избори, а и практикувањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажува дека никогаш не истерале еден цел мандат, вели потпретседателката на СДСМ и пратеничката во парламентот, Јована Тренчевска, која гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Буџетот за 2026 г. кој предвидува „само сервисирање на плати и пензии“ и има малку предвидени средства за капитални инвестици, според Тренчевска, е уште еден аргумент дека власта ќе оди на избори оваа година. Со неа разговараме и за лидерската средба што се одржа на 14 јануари, (не)оправданоста на отсуството на СДСМ од неа, иницијативата од власта за укинување на техничката влада, задршките на СДСМ за законот за прекршоци. Тема во интервјуто се и внатрешните состојби во СДСМ во пресрет на конгресот на партијата в сабота (24 јануари). До Тренчевска не стигнале информации дека одредени кругови во СДСМ работат конгресот да не успее.
