Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 30 октомври 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– зошто Владата не му ги одзеде ингеренциите на Град Скопје за собирањето отпад кога законот го дозволува тоа;
– дали изборите за градоначалник во Гостивар и во Врапчиште пропаднаа поради организиран бојкот;
– втор круг во Тетово – Билал Касами (ВЛЕН) верува во победа со гласовите на сите тетовци, а Бајрам Реџепи од НАИ (ДУИ) дека Касами нема да добие поддршка од Македонците како на 19 октомври и дека ќе има пресврт;
– како би било јас да гласам за градоначалник на Базел – прашува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, пред вториот круг во Кичево во кој за противник го има Фатмир Дехари од НАИ (ДУИ);
– „Саботажа“.
