Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 9 јуни 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува Елизабета Дуковска чиј избор за уставен судија го поништи Управниот суд
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 зборуваме за случајот што предизвика земјотрес во судскиот систем, а тоа е неодамнешната пресуда на Управниот суд со која беше поништен изборот на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд. Дуковска беше избрана од Собранието во април 2023 година, а пресудата на Управен дојде повеќе од две години подоцна. Управниот суд својата одлука ја темели на констатацијата дека постапката пред Судскиот совет за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд во февруари 2023 година е спроведена неправилно и незаконито. Во стручната јавност, нема дилеми дека станува збор за правен преседен, но за едни во позитивна, а за други во негативна смисла. Инаку, името на Елизабета Дуковска периодов се слушаше во јавниот простор како судија известител за иницијативите за оценување на уставноста на законот за јазици. Што мисли за целиот случај најзасегнатата, зборува лично таа, во првиот нејзин јавен настап по пресудата на Управниот суд.