Погледнете го новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени“ емитувано на 26 февруари 2026 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата:
– по изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Минхен разговарале да се најде некаква варијанта за земјава до јуни: „Јас не сум вклучен во директните планови на г. Кошта, но можам да потврдам дека исто така одржав разговори во Скопје, но и овде во Брисел, кои укажуваат во насока на можно решение“, вели известувачот за С Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „360 степени“;
– како се одвива животот во Киев, главниот град на Украина, четири години по руската агресија – репортажа;
– како институциите ја спроведуваат Планската програма за почист воздух промовирана од Владата пред речиси една и пол година – анализиравме мерка по мерка;
– може ли да се регулира финансирањето кампањи од неучесници на избори во Македонија – иницијатива;
– „Саботажа“.
