Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 5 декември 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Одлуката со која државните службени возила ќе добијат црвени таблички со жолти бројки и букви се носи идната недела; директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најавува отворање телефонски број и мејл на кои ќе може да се пријавуваат злоупотреби;
– Има ли и кои се земјите членки на Европската Унија што се обидуваат да ја убедат Бугарија да прифати уставни измени со одложено дејство; министерот Тимчо Муцунски вели: „Би било несоодветно да говорам во име на други земји“;
– Што подразбира новиот известувач за земјава во Европскиот парламент, Томас Вајц, под гаранции од Бугарија дека нема да има нови барања во текот на пристапните преговори на земјава – кратко интервју;
– Карванот „Граѓаните против корупцијата“ ги посети Битола и Прилеп – поттик до жителите да пријавуваат случаи до институциите;
– „Саботажа“.