Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 15 јануари 2025 г. на МРТ 1
Теми во ова магазинско издание:
– дали инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати во проектот „Белград на вода“ ќе гради и во земјава – што донела посетата на Мохамед Алабар на Македонија во декември;
– како од една страна Советот на Град Скопје донесе одлука за дислокација на УСЈЕ, а од друга – надлежните институции немаат податоци дека цементарницата загадува; Сè што се гори во УСЈЕ е законски дозволено согласно дозволата што им е дадена 2020 г. – вели директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска;
– има ли спас од загадувањето на воздухот во Скопје и кога – прашање до новиот министер за животна средина Муамет Хоџа;
– МВР избра кој ќе ја облекува редовната полиција – сите четири дела од тендерот ги доби иста компанија; една од фирмите понудувачи се жали на второстепена комисија;
– „Саботажа“.
