Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 28 ноември 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Први предмети за конфискација на имот кога за сопственикот нема докази дека сторил кривично дело – шефот на ОЈО Скопје е ентузијаст, директор на финансиската полиција има забелешка за кратките рокови, а од невладиниот сектор повикуваат на повлекување на Законот за конфискација во граѓанска постапка;
– Државниот буџет им плати 811 илјади евра на 150 портали за реклами на партиите на последните избори, но зошто никој не контролира дали порталите ја испорачале платената услуга; потребни ли се законски измени;
– Отчетност и интегритет: Од 24 члена на Владата, 15-мина не пријавиле ниту од каде имаат приходи, ниту колкави; од ДКСК велат дека за да нема различни толкувања, следуваат измени и дополнувања на Законот за спречување корупција и судир на интереси;
– „Саботажа“.