Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 9 октомври 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Големи буџети трошат партиите и кандидатите за изборно рекламирање на „Гугл“ и на социјалните мрежи, но без обврска да бидат отчетни – потребна ли е регулација на оваа сфера;
– Со неполни 30 години Амар Мециновиќ е најмладиот претендент за градоначалник на Скопје – портрет на кандидатот од Левица;
– Експертот за мостови кој бара доверба од гласачите за да ги премости проблемите на главниот град – портрет на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје;
– Ќе остане бастион на СДСМ или ќе добие локална власт од друга провениенција – предизборна репортажа од Струмица;
– „Саботажа“.