Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 28 декември 2023 г. на МРТ 1
Во емисијата донесуваме:
– „Ова не беше закана“ – вели министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „360 степени“ по најавата за затегање на мерките против пушењето; Што конкретно треба да се очекува;
– По истражувањето на Центарот за граѓански комуникации: Колку повици до Итната медицинска помош останале без соодветен одговор поради тоа што фалат тимови;
– По дводецениска судска битка за спорна денационализација, неколку домаќинства од Скопје ги спасија домовите; Но, пресуденото на хартија никако да се спроведе: „Нè тепаат, а не ни даваат да плачеме“;
– NMK наместо МК или MKD стои на декларациите на многу производи по домашните маркети – прашавме кој е надлежен да реагира;
– Нова „Саботажа“.