Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 10 октомври 2024 г. на МРТ 1
Во емисијата донесуваме:
– Премиерот порачува дека му истекува времето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да покаже резултати; Ако ги нема, Мицкоски најавува „наши луѓе“ во правосудството;
– Струмица две недели нема пивка вода што е на ниво на елементарна непогода за жителите – за причините, централната ја обвинува локалната власт, а таа се брани; слика и од браната Турија;
– Манган и во водата во Гостивар, го детектира приватна фирма ангажирана од општината, но градоначалникот реши да ја прекине соработката; Од приватната лабораторија одговараат: „Ако на градоначалникот и на директорот на комуналното не им се значајни животот и здравјето на населението, нам ни се“.
– Учесниците на скопскиот маратон ја газеа корупцијата – репортажа;
– „Саботажа“.