Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 23 февруари 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува министерката за образование и наука Весна Јаневска, кадар на ВМРО-ДПМНЕ
Во екот на јавната дебата за нацрт-законот за високо образование во „360 степени“ на МРТ 1 гостува министерката Весна Јаневска. Генерално, го брани законот како целина, но е спремна да слушне аргументи за корекции. На пример: за укажувањата дека министерот добива многу моќ со улогата опишана во делот од законот посветен на надзорот; за листата на т.н. студии од јавен интерес кои би се организирале само на државните универзитети од каде најавува тргање на архитектура и фармација; за разликата меѓу медицинските/техничките науки од една, општествените/хуманистичките од друга, и уметничките од трета страна, а со тоа и за потребата да се направи разлика во критериумите (или начинот на нивно исполнување) при избор во наставно-научни звања… Во интервјуто разговараме и за одредбата против непотизам при вработување на универзитетите која е тргната од нацрт-верзијата на законот, а Јаневска ја прашуваме и дали стимулирањето да се создаваат научни трудови на англиски јазик е во контрадикција со наводите дека е нападнат јазично-културниот идентитет на Македонците.
