Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 3 април 2025 г. на МРТ 1
Теми во ова издание:
– Скопје – метрополата што остана без ноќен клуб и кабаре; зошто не работат и оние што имаат легални лиценци;
– Како функционира Механизмот за цивилна помош на ЕУ во пракса; каква помош и од кого дојде по трагедијата во Кочани;
– Како релативно малата „Топлина“ од охридското село Подмоље дојде до зделка со ЕСМ (за РЕК „Битола“) од 25 милиони евра;
– Продолжува сагата со изградбата на пет базени со државни пари – подизведувачот добил 61 отсто од вредноста на работите, иако со закон е дозволено да се отстапат најмногу 30 отсто;
– „Саботажа“.