Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 18 декември 2025 г. на МРТ 1
Теми за оваа епизода:
– Додека сиве овие години граѓаните и фирмите се жалеа на безмилосноста на системот на присилно извршување, државата се снајде како да не ги плаќа паричните побарувања до моментот кога таа ќе посака да плати; но, пресуда од Стразбур суштински ги менува правилата на игра;
– Колку се обележани и безбедни за поминување железничко-патните премини на пругата од Скопје до Табановце – репортажа;
– Елизабета Дуковска со писмено барање до Судски совет да констатира дека пресудата на Управен суд со која беше поништен нејзиниот избор за уставна судијка е неподобна за извршување; темата в среда е на дневен ред на Судски;
– За „Приказната за Силјан“, меѓународните награди и невлегување во потесен избор за номинација за Оскар;
– „Саботажа“.
