Погледнете го новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени“ емитувано на 2 април 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание на „360 степени“ донесуваме:
– подметнувачите на пожарот во кафулето на тогашниот државен правобранител Агрон Речи на суд рекоа дека тоа од нив го побарал Нурхан Локи, вработен во правобранителството; Речи смета дека Локи бил нечија „маша“;
– ниедна од петте планирани регионални депонии не почнала да се гради – зошто и што се случува на терен;
– Македонија има избор да биде во право или да стане членка на Европската Унија – интервју со Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора која има за цел да влезе во ЕУ до 2028 г.;
– „Ако сте во НАТО, мора да сте и во ЕУ“ – разговор со лидерот на хрватските социјалдемократи Синиша Хајдаш Дончиќ, кој не се согласува со пораката на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека „има живот и надвор од ЕУ“ (за Македонија);
– „Саботажа“.
