Погледнете го магазинското издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 18 септември 2025 г. на МРТ 1
Теми за ова издание:
– Во земјава биле извршени операции на срце што не требало да се изведат (сомневање што го изнесе кардиологот Сашко Кедев), индиректно потврдува министерот за здравство Азир Алиу и најавува дека комисијата наскоро ќе ја заврши работата и официјално ќе ги соопшти наодите; директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски посочува на проблем и со упатите – одредени доктори, пред сè од јавното здравство, ги насочуваат пациентите во иста болница кога имаат потреба од кардиохируршка интервенција;
– Изборите во Чаир ќе бидат повеќе од избор на локална власт – предизборна слика од терен;
– Дел од младите битолчани се нервозни поради тоа што подолг период не можат да полагаат за возачка дозвола; кога ќе проработи испитниот центар за Пелагонија по 30-дневната забрана што му ја изрече МВР;
– Црна Гора, поддржана од Европската комисија, со амбиција следната година да ги заокружи пристапните преговори, а во 2028 г. да стане 28. членка на ЕУ – политичка репортажа од Подгорица;
– „Саботажа“.
