Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 23 септември 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ
Целта е стоте милиони евра да се искористат во целост – одговара министерот за локална самоуправа Златко Перински на прашањето зошто Владата се решила за два општи критериума, а не за појасни, построги и поконкретни со кои би се објективизирал процесот на селекција на проектите со кои општините конкурираат на јавниот повик. Перински, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени” на МРТ 1, го прашуваме и колку реално од стоте милиони за оваа година ќе завршат кај општините ако Владата им плаќа врз основа на т.н. „времени ситуации”, а не одеднаш на наменски сметки. Со министерот разговараме за критериумите на јавниот повик кои се многу општи, дали тоа остава простор за субјективност во одлучувањето, ќе има ли донирани проекти, колку повикот е заради следните локални избори, која е единствената општина што не успеала да испрати апликација… Тема се и состојбите и односите со Град Скопје, можната амбиција на Перински да биде кандидат за градоначалник на главниот град и предлог-измените на законот за локална самоуправа за да се избегнат предвремени избори за градоначалник во неколку општини.