Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 8 мај 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Што содржат измените на законите со кои ќе се овозможи казнување за сообраќаен прекршок со снимка од камера – известувањето ќе стигнува како порака на телефон или на имеил;
– Поголеми казни за постојни прекршоци, но и нови санкции за пешаците, велосипедистите, моторџиите што користат електронски уреди, вклучувајќи телефон и слушалки на двете уши;
– Како се одвиваат легислативниот и техничкиот дел од процесот на воспоставување „Безбеден град“ и „Безбедна држава“ – интервју со Снежана Петровиќ-Арсовска и Маја Арсовска-Манов од МВР;
– Власта најави дека во првото тромесечје од годинава системот „Ѓавото“ во Дојранското Езеро ќе носи барем по 500 литри во секунда – зошто ветувањето не е исполнето;
– Црвено-жолтите регистарски таблички за државните службени возила сè уште само во најава;
– „Саботажа“.