Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 22 јануари 2025 г. на МРТ 1
Во оваа емисија објавуваме:
– државата инвестирала 38,2 милиони евра за стипендирање на оние што успеале да се запишат на еден од стоте најдобро рангирани универзитети во светот, но што добила за возврат; откриваме дека едвај двајца на секои десет стипендирани се вратиле дома, иако сите потпишале договори со обврска да го сторат тоа;
– дали стипендирањето за студирање надвор е најскапиот државен проект за иселување на најдобрите млади – прашање до ресорната министерка Весна Јаневска;
– кај и да се, за Водици ростушани дома да се – репортажа;
– се очекува масовно гласање за Румен Радев на предвремените парламентарни избори во Бугарија – разговор со истакнатиот новинар и уредник во Бугарската национална телевизија Бојко Василев и за значењето на овој развој за пристапниот процес на Македонија кон ЕУ;
– „Саботажа“.
