Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 21 октомври 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари
Северна Македонија многу скоро ќе го отвори првиот кластер со Европската Унија, оптимист е министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Прашан дали како „Вреди“ можат да одат на локалните избори в година со блокиран пристапен процес кон ЕУ, Таравараи одговара: Не, воопшто не е добро за нас. Покрај блокираниот пристапен процес за ЕУ, тема во интервјуто се и укинувањето на „балансерот“ од Уставниот суд, подготовката на закон за правична застапеност, јасното „не“ од премиерот за институционализирање на академија на науките на Албанците, како и обвинувањата од ДУИ дека „Влен“ има подредена улога во владата. Од темите во ресорот здравство разговараме за евентуално зголемување на платите, особено за средномедицинскиот персонал, интегрирање на клиниките во еден ентитет, изградба на нов клинички центар, можноста докторите од јавното здравство да работат дополнително каде што сакаат.