Погледнете го првото издание од новата сезона на емисијата „360 степени”, емитувано на 16 септември 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски
„Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини… Не би сакал да се разочарам од нашиот сосед и да видиме недостаток на реакција”, вели министерот за надворшени работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по протестната нота до Бугарија поради отсуството на македонското државно знаме за време на средбата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот колега Румен Радев во петокот во Софија. Муцунски, кој е гостин во првото издание од новата сезона на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, го прашуваме и дали воопшто ќе имаше државна реакција ако немаше реакции во јавноста и дали има одговорност кај протоколот на Сиљановска-Давкова.
Разговараме и за тоа што подразбира новата влада под „француски предлог плус“, како уставни измени со одложено дејство нудат предвидливост во пристапниот процес кон Европската Унија и со каква порака/предлог оди премиерот Христијан Мицкоски неделава во Брисел. Честите средби на претставници на унгарската и на македонската влада во последните месеци, заемот од половина милијарда евра, зошто Унгарија би ѝ дала кредит на С Македонија кога има лоши макроекономски показатели дома, дали се точни информациите дека Виктор Орбан ќе ја посети земјава до крајот на месецов – се, исто така, меѓу темите за разговор.