Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 24 јуни 2022 г. на ТВ Алсат
Интервјуто со министерот за надворешн работи, Бујар Османи, е фокусирано на т.н. француски предлог како обид да се деблокира пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија. Разговараме во детали за елементите од предлогот што беа означени за најпроблематични – спомнувањето на протоколите кон Договорот од 2017 година во преговарачката рамка и обврската за изработка на акциски план за малцинствата и заедниците (со вклучување на темите за антидискриминација, говор на омраза, образование). Една од темите се и корекциите што во последен момент беа внесени во документот што го донесе бугарскиот парламент и дали тие беа направени за да остават простор за договор меѓу Софија и Скопје. Османи зборува и за ставот на ДУИ и Али Ахмети, односот на опозицијата и прашањето за (предвремени) избори.