Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 15 јануари 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува ново-старата претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева
Дали на седницата в среда ќе има мнозинство (најмалку осум гласа) за разрешување на Беса Адеми од позицијата претседател на Врховниот суд – е едно од прашањата до ново-старата претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, која гостува во првото овогодишно издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Разговараме за тоа дали таа препознава партиско-политичка позадина во иницијативата за разрешување на Беса Адеми што ја покрена членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа и како ја разбира пораката од амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, по неодамнешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Дамева ја прашуваме и дали со нејзиното враќање на претседателското место во Судскиот совет (по пресудата на Управниот суд) е затворен случајот со незаконското разрешување, какви се нејзините односи со членот на Советот Селим Адеми кој го иницираше нејзиното разрешување пролетта минатата година, дали нејзината заедничка фотографија со Зоран Заев и е товар во работата во Судскиот совет, што ќе прави Советот со препораките од Оценската мисија на Европската Унија…