Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 19 јуни 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание:
– Бизнисот за полагање возачки испити за Битола и околните градови во следните пет години го добила фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево; тој вели дека секој граѓанин, независно од политичките убедувања, има право да основа и води деловен субјект;
– СОЗР склучи нови договори за чистење и одржување на институциите – цените се повисоки за 50% споредено со пред три години и за 230% споредено со пред седум; „Кога вие покачувате минимална плата, се покачува сè“, вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски;
– Преживеани, пожарникари, социјални работници од Гетеборг, каде во 1998 г. во пожар во клуб загинаа 63-ца млади, дојдоа да им помогнат на кочанчани да најдат смисла на сегашноста и иднината;
– Интервју со амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин, за блокадата на македонските евроинтеграции, дилемите дали ЕУ навистина е отворена за нови членки, реформите…;
– „Саботажа“.