Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 16 декември 2024 г. на МРТ 1, во кое гостуваат Вера Коцо, Ивана Петковска и Васко Маглешов
Дали новата иницијатива за утврдување одговорност на судијата Енвер Беџети (покрената од член или членови на Судскиот совет), кој заедно со ексвицепремиерот и функционер на ДУИ, Артан Груби, од минатата недела е на „црната листа“ на САД, е соодветна реакција од Судскиот совет откако пред околу една година Советот само парично го казни Беџети кој девет месеци го чуваше предметот „Таргет-Тврдина“ за масовното незаконско прислушување? Ова е воведната тема на која во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 разговараме со Вера Коцо, поранешна судијка во Врховниот суд, Ивана Петковска, програмска координаторка во Коалицијата „Сите за правично судење“ и Васко Маглешов, новинар на БИРН. Дебатираме и за изборот на апелациската судијка Данка Ристова, сопруга на градоначалникот на Радовиш (од ВМРО-ДПМНЕ), за нова членка на Судски совет и обвинувањата од опозицијата дека сведочиме на партизација на на Советот. Дали најавите од ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители се веќе ад акта и што треба да се разбере од начинот на кој државниот обвинител Љупчо Коцевски реагираше на критиките за јавното обвинителство од премиерот Христијан Мицкоски?