Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 16 мај 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание:
– По некористењето на уставното име од претседателката Гордана Силјановска-Давкова при давањето заклетва и изјавата на Христијан Мицкоски дека ќе го применува истиот пристап – дали Грција само што не изговорила „вето“;
– Дали исходот од изборите ќе смени нешто во односот на СР Германија кон Северна Македонија – интервју со амбасадорката Петра Дрекслер;
– Кој е ставот на граѓаните за тоа што во идната влада ќе влезе „Влен“, а не ДУИ – теренска сторија од Скопје, Тетово и Кумановско;
– Земјава го удвои бројот на апарати за магнетна резонанца, но прегледите останаа на исто ниво – која е причината;
– Нова „Саботажа“.