Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 28 октомври 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува ексминистерот за економија и член на раководството на ДУИ, Крешник Бектеши
Со Крешник Бектеши, кој од 2017 до 2024 г. беше министер за економија како кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 разговараме за оценката на Али Ахмети дека она што се случува по изборите на меѓуетнички план нè враќа „на условите кои беа причина за кризата и војната во 2001 година“ (цитат од писмото на Ахмети до странски државници), дали тоа некој може да го разбере како закана за нова војна и дали таа оценка е самодеградирачки за ДУИ, зашто може да се толкува дека и по 18 години на власт не постигнале ништо трајно за статусот на Албанците во земјава? Дали писмото од Ахмети до Мицкоски е со погрешна адреса бидејќи се однесува на одлуки на Уставниот суд? Колку неучеството на ДУИ во владата е вина на самата партија, особено поради начинот на практикување на власта во последните години и дали ќе има кадровски смени по повиците до лидерот Ахмети да се ослободи од корумпираните околу него, се истобтака дел од прашањата до Бектеши. Го прашуваме и дали има страв во редовите на ДУИ од кривично гонење на поранешни функционери? Зборуваме за тоа колку е оправдана поделбата на ресорот економија на четири дела, може ли да се препознае политиката на владата во енергетиката, ќе поскапи ли струјата од 1 јануари, кој е неговиот став за заемот од Унгарија.