Попладнево околу 18:40 часот по локално време во Киев се слушнале неколку големи експлозии источно од центарот на градот, пренесуваат тамошните медиуми.
Веднаш по најсилните експлозии во текот на денешниот ден, ширум градот се огласиле и сирените.
Експлозиите следеле веднаш по завршувањето на преговорите одржани денеска. На денешните преговори двете страни ги лоцирале „заедничките приоритетни теми“, а закажана е и втора рунда преговори која би требало да се одржи на белоруско-полската граница за неколку дена.