Авионот „лирџет 55“, кој полета од аеродром во североисточна Филаделфија, исчезна од радарот неколку минути по полетувањето. Летот бил на пат за Спрингфилд, а авионот бил регистриран во компанијата „Мед џетс“
Градоначалничката на Филаделфија, Шерил Паркер, изјави дека бројот на жртви сѐ уште не е потврден, но истакна дека при падот се оштетени и неколку домови и возила
Медицински транспортен авион со болно дете, неговата мајка и уште четири лица се урна во станбена област во Филаделфија веднаш по полетувањето, а според првичните извештаи нема преживеани.
Авионот експлодирал во воздух па се срушил, при што се слушнала силна експлозија. Огнот зафатил неколку околни куќи, а неколку автомобили биле оштетени.
Потврдено е дека неколку лица биле во близина на местото на несреќата.
Градоначалничката на Филаделфија, Шерил Паркер, изјави дека бројот на жртви сѐ уште не е потврден, но истакна дека се оштетени неколку домови и возила.
Авионот „лирџет 55“, кој полета од аеродром во североисточна Филаделфија, исчезна од радарот неколку минути по полетувањето. Летот бил на пат за Спрингфилд, а авионот бил регистриран во компанијата „Мед џетс“.
Сведоците пријавиле дека слушнале силна бучава пред да го видат пламенот. „Видовме голем пламен и остатоци од авионот“, рече Џим Квин, кој ја снимил експлозијата на надзорна камера.
Сите жртви биле државјани на Мексико.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочувство преку социјалната мрежа Трут соушл (Truth Social), нарекувајќи ја несреќата трагична.
Гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, ја понуди својата целосна поддршка во санацијата по несреќата и истрагата.
Авионот се урнал на фреквентна раскрсница во населбата Ронхерст, во близина на трговскиот центар „Рузвелт“. Снимките од местото на несреќата покажуваат остатоци од авионот расфрлани низ раскрсницата.
Несреќата се случи само два дена откако авион на „Американ ерлајнс“ се судри со воен хеликоптер во Вашингтон, при што загинаа 67 лица.