Невремето кое денеска ги зафати Словенија, Италија, Унгарија и дел од Хрватска и Босна и Херцеговина предизвика полави, прекини во струјата, отсечени и затворени патишта, и оштетени куќи и откорнати покриви. Наспроти поплавите во овие држави, во Швајцарија, пак, денеска падна снег на Алпите, во Цермат, на надморска височина од 1 638 метри

Невремето со обилни врнежи што денеска ја зафати Словенија предизвика поплави, прекини на струјата, а од силниот ветер има откорнати покриви. Според податоците на цивилната заштита, во моментов најлоша е состојбата во долината на реката Драгоња во Истра и Сеча, каде многу патишта и улици се поплавени. Во градот Падна се урнале најмалку осум покриви на станбени куќи, а штети има и во селото Св. Петар.
Од налетот на силниот ветер откорнати се покривите на стадионот и училиштето во Копер, пренесе агенцијата СТА.
Според податоците на Агенцијата за животна средина (Арсо), на мерното место Копер денеска до 15:30 часот наврнале 173 милиметри дожд. Од регионалниот центар за цивилна заштита велат дека врнежи се очекуваат и во вечерните часови.
Во главниот град Љубљана, водата веќе поплави неколку куќи и патишта, а се следи и растот на Градашчица, која еднашсе излеа при невреме на почетокот на август.
Во градот Изола е поплавен големиот плоштад, како и пониските делови на градот. На теренот има многу пожарникари, а во вечерните часови се очекува плима, додава агенцијата СТА. Агенцијата Арсо очекува дека невремето во наредните часови ќе се движи кон централна Словенија.
The impressive effects of the powerfull storm arrived in the town of Trieste few minutes ago.
— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) August 28, 2023
Strong horizontal wind gusts due to the downdraft and heavy rain. Small hail also reported and extremely high rate of lightnings. pic.twitter.com/ZPiCaSOZ6W
Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат во областите Толмин, Нова Горица, Загорје, Лашко, Велење и Целје.
Слично невреме на почетокот на август предизвика поплави од историски размери, а словенечката влада ја процени штетата на пет милијарди евра.
Освен во Словенија, обилниот дожд и зголемувањето на нивото на реките и водотеците предизвикаа големи проблеми и во Тирол, Австрија.
Во западниот дел на Австрија е прогласена закана од поплава, а во некои делови на сојузната држава Тирол е издадено официјално предупредување до граѓаните непотребно да не излегуваат од дома, а не се препорачува ниту престој во подземни простории. Предупредувањето доаѓа откако градот Шваз во сојузната држава Тирол е загрозен од надојдената река Ин.
Gegen Mittag führte der #Inn im #Engadin #Hochwasser: Die Hydrologen des Bundes #BAFU warnten mit Stufe 4 von 5. Der Pegelstand ist jetzt im Laufe des Nachmittags wieder gesunken. ^ds pic.twitter.com/s9dzomtkIZ
— SRF Meteo (@srfmeteo) August 28, 2023
Како што пренесуваат локалните медиуми на опасност во овој дел од Австрија укажуваат и сирените за цивилна заштита, кои се слушаат во овој тиролски град. Исто така, ситуацијата е напната и во целиот слив на реката Ин, но премиерот на сојузната држава Тирол, Антон Метл изјави дека најголемата опасност поминала.
„Добро направивме со оглед на околностите и мислам дека можеме да зборуваме за намалување на тензијата“,
рече Метл.
Освен во Шваз, ситуацијата е тешка и во градот Бад Гаштајн, кадешто локалниот водопад се претвори во огромен порој од кал. Градоначалникот Герхард Штајнбауер вели дека ситуацијата е под контрола, но дека не памети такви водостои.
„Во последните 30 години, не можам да се сетам дека нивото на водата некогаш било толку високо. Околу 14 часот нивото на водата во водопадот беше 3,93 метри“,
рече тој.
Австриските медиуми пренесуваат дека во моментов најпогодени се окрузите Имст и Инсбрук-Ленд каде патиштата и железницата се затворени по поплавите и лизгањето на земјиштето.
Вечерва невреме со грмотевици го погоди и југот на Унгарија, а невремето што се движеше кон север на места беше придружено со град, пишуваат унгарските медиуми.
Силно невреме проследено со грмежи вечерва го зафати и Мостар и поширок дел од Херцеговина, а силниот ветер крши дрвја.
Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина (ФХМЗ) издаде портокалово предупредување за неколку региони. За мостарскиот регион до полноќ се предвидува невреме проследено со грмотевици.
И центарот на Трст денеска беше поплавен откако силен дожд и невреме го погодија овој североисточен италијански пристаништен град. Освен во Трст, висок водостој е забележан и во Венеција, која се наоѓа појужно.
Storm in Italy pic.twitter.com/cBxlT03JgL
— MALIK (@MalikViewsEU) August 26, 2023
Од другата страна од земјата, во северозападната провинција Пиемонт, пожарникарите и полицијата морале да интервенираат за да ослободат неколку автомобили заробени во снегот во планинскиот премин Коле Дел Анџело, во близина на градот Кунео, на границата меѓу Италија. и Франција.
Повредени нема, возилата подоцна се спуштиле во долината, а патот се уште е затворен.
Критична е ситуацијата и во Ломбардија на северот, каде поради делумни поплави се евакуирани десетина лица.
Екстремните временски услови го нарушија и националниот сообраќај, а државниот патен оператор „Анас“ најави затворање на три главни патишта во северните провинции Ломбардија и Пиемонт.
Наспроти поплавите во овој дел од Европа, во Швајцарија, пак, денеска снег падна и на Алпите, во Цермат, на надморска височина од 1 638 метри.
„Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 Целзиусови степени. Утрово во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2 000 и 2 400 метри надморска височина во остатокот од швајцарските Алпи“,
соопшти метеоролошката служба Метео Свис.
Mit den intensiven Niederschlägen sank die #Schneefallgrenze zum Teil unter 2000 m, im #Wallis sogar bis auf 1600 m. Danke an Stephanie Schärer für das SRFMeteoVideo von Zinal/VS. ^je pic.twitter.com/CB81YNPTHg
— SRF Meteo (@srfmeteo) August 28, 2023