Протестот во Ротердам беше организиран против новите владини мерки за заштита од ковид-19 и ковид-сертификатите. Градоначалникот на Ротердам протестите ги опиша како „оргија на насилство“
Најмалку двајца демонстранти се ранети на насилните протести против новите корона-мерки во холандскиот град Ротердам, откако полицијата испука предупредувачки куршуми.

Присутните демонстранти фрлаа со камења и пиротехника и запалија неколку полициски возила, а полицијата возврати со истрели и водени топови.
„Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни истрели бидејќи ситуацијата беше опасна по живот. Знаеме дека најмалку две лица се ранети, веројатно како резултат на предупредувачките истрели, но треба дополнително да ги истражиме точните причини“,
изјави за „Ројтерс“ портпаролката на полицијата, Патриша Веселс.

Во немирите седум лица се повредени, а најмалку 20 демонстранти се уапсени во ноќта која градоначалникот на Ротердам ја нарече „оргија на насилство“. Во градот беше прогласена вонредна состојба, а главната железничка станица беше затворена поради нередите.
Протестот во Ротердам беше организиран против владините мерки за заштита од ковид-19 и ковид-сертификатите. Според владините мерки, само на вакцинирани и на оние кои прележале ковид-19 ќе им биде дозволено да присуствуваат на јавни настани, кафулиња и ресторани.
Холандија минатата недела поради растот на бројката новозаразени воведе делумен локдаун, кој ќе биде во сила 3 недели.
NOW – Violent protests against Covid-restrictions in #Rotterdam, Netherlands.pic.twitter.com/xCTyqiy609
— Disclose.tv (@disclosetv) November 19, 2021