Врховниот суд ѝ нареди на владата да објасни зошто не треба да се поништи резолуцијата донесена во јуни минатата година, со која се наредува ИДФ да не зема ученици од ултраортодоксните јешиви, училишта кои ги посетуваат млади Евреи
Ултраортодоксни Евреи протестираа пред Врховниот суд на Израел бидејќи сакаат да им биде продолжено ослободувањето од задолжителниот воен рок. Израелската полиција со сила го прекина протестот, а беа употребени и водни топови.
Воената служба е задолжителна за Евреите, но ултраортодоксните Евреи се изборија нивните заедници да бидат исклучок со цел да им овозможат на мажите редовно да учат на религиозните семинари. Овие исклучоци предизвикаа широк гнев и негодување во јавноста.
Ultra-orthodox Jewish men protested outside Israel’s Supreme Court after it heard arguments in cases that would force them to serve in the Israeli army.https://t.co/EnZeDhYFDo pic.twitter.com/HaSalhXGzE
— Sky News (@SkyNews) February 27, 2024
Врховниот суд ѝ нареди на владата да објасни зошто не треба да се поништи резолуцијата донесена во јуни минатата година, со која се наредува ИДФ да не зема ученици од ултраортодоксните јешиви, училишта кои ги посетуваат млади Евреи.
Ова, всушност, го става товарот на докажувањето на владата, која мора да објасни зошто нејзината одлука не е незаконска. Врховниот суд, исто така, издаде привремена наредба, одредбата со која се дозволува ослободување од служба доколку некој не биде регрутиран во рок од две години од наполнувањето на 18 години, да не важи за студентите на Јешива.
Владата мора да одговори на наредбата на Врховниот суд до 24 март. Движењето за добра влада, кое поднесе барање до судот да ја разгледа законитоста на владината резолуција од јуни 2023 година, ги поздрави судските наредби, опишувајќи ги како „уште еден чекор кон целосна еднаквост во товарот на воената служба“.